Борнмут од продажба на дефанзивци ова лето може да заработи преку 170 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Борнмут е на добар пат да заработи богатство од продажба на дефанзивци ова лето и да ја наполни касата со преку 170 милиони евра благодарејќи на Дин Хујсен, Илија Забарњи и Милош Керкез.

Голем број на фудбалери на Борнмут имаа квалитетна сезона, па ова лето се на мета на гигантите ширум Европа.

Лесно може да се случи популарните „цреши“ да заработат преку 170 милиони евра од продажба на дефанзивци.

Дин Хујсен се пресели во Реал Мадрид за 60 милиони евра, а пред сличен трансфер од 60 милиони евра е и Илија Забарњи, кој кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.

Последен на листата е Милош Керкез, се очекува левиот бек во скоро време да се пресели во Ливерпул во зделка вредна околу 50 милиони евра.

За нивен ангажман Борнмут потроши нешто помалку од 60 милиони евра, па заработката е огромна.

ФОТО: X/AFC Bournemouth

Можно е и ова да ти се допаѓа

×