Борјан: Фудбалерите на Хрватска се господа, но навивачите им се примитивци

by
1 минути читање

За време на мечот хрватските навивачи му довикуваа на голманот: „Борјане усташо“, затоа што е роден во Книн (Хрватска), но тој вели дека е роден во Србија затоа што тогаш тој град бил дел од таканаречената Српска Крајна која Србите ја сметаа за своја територија.

Борјан се чувствува Србин, па проблемите со хрватските навивачи не престанаа кога заврши мечот. Тие дошле до неговиот телефонски број, на „Ватс Ап“ му пратиле преку 2.500 навреди, го делеле бројот на што повеќе фанови и му праќале различни навредливи пораки.

„Тие се примитивци. Немам јас што да кажам за нив, нивните дела доволно зборуваат за нив. Слушнав што викаат, дека навредуваат, но сето тоа зборува за нив. Изгледа имаат фрустрации од дома, па сега тоа го покажуваа тука. Треба да поработат на себе и на своите семејства“, рече Борјан.

За разлика од неговата изјава за хрватските навивачи, тој има само убави зборови за фудбалерите на Хрватска.

„Фудбалерите на Хрватска се господа. Се однесуваат господски и сите честитки за нив. По мечот зборував со Перишиќ и ми рече: „ајде победете го Мароко да одиме понатаму“. Сакаме да дојдеме до победа на Светското првенство, иако за жал не можеме да одиме понатаму. На Хрватска ѝ посакувам се најдобро, одиграа одличен меч“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани