Барселона загуби со 2-3 од Атлетико Мадрид во
полуфиналната пресметка од шпанскиот Суперкуп кој годинава се одржува во
Саудиска Арабија во нов формат со четири екипи, а вториот финалист е Реал
Мадрид кој го совлада составот на Валенсија.
Иднината на Ернесто Валверде на клупата на Барселона виси
на конец по синоќешниот пораз, столчето на клупата на Каталонците од поодамна е
разнишано и постојано се шпекулира за смена на Валверде, кој по поразот од „Јорганџиите“
истакна дека добро знае каков е денешниот фудбал, меѓутоа некои работи не може
да ги контролира.
„Тренерите постојано се фокусираат на тоа да работат
максимално и да дадат се’
од себе, ние знаеме каков е денешниот фудбал, постои одредена нестабилност
во период кога ќе загубите, едноставно не можете да го контролирате сето тоа,
меѓутоа јас сум фокусиран на себе по тоа прашање“ рече Валверде.
Како што извести „Рац1“, позицијата на Валверде е во
опасност, постои можност тој да добие отказ, а бордот на директори ќе има
состанок во понеделник за да разговара токму на таа тема.
data-lang="en">
Постои и еден интересен статистички детал по синоќешната
пресметка, а тоа е дека Атлетико Мадрид под водство на Диего Симеоне за прв пат
постигна три погодоци против Каталонците во сите конкуренции, последен пат тоа
се случи во март 2009. година.
По синоќешниот меч, запрашани за иднината на Валверде,
Лионел Меси и Луис Суарез застанаа со поддршка за својот тренер.
„Постои целосна доверба во нашиот тренер“ рече Меси, а
неговиот соиграч имаше идентичен став.
„Иднината на Валверде е во овој клуб, тој не треба да
биде обвинуван за ништо“ се надоврза Суарез.
Како и да е, формата на Каталонците воопшто не ги радува
фановите на таа екипа, ако се земе во предвид дека Барселона во последните пет
меча во сите конкуренции има само една победа, дури четири ремија и еден пораз.