„Росонерите“
направија голема реконструкција ова лето, потрошија над 200 милиони евра за
девет нови имиња, но не е се така добро во соблекувалната на Сан Сиро.
Медиумите од
Италија говорат за конфликт кој бил направен од најголемото засилување Леонардо
Бонучи.
Проблем е бројот
на дресот, Италијанецот ја сака „19та“, која веќе е ветена на Франк Кеси.
Бројот 19 има
голема симболика за репрезентативецот на БСК, тоа е датумот на кој тој е роден,
но и датумот кога починал неговиот татко, како и датумот кога пристигнал во
Италија.
Се говори дека
Френк Кеси за мир во куќа се сложил на промена, требал да го носи
бројот 14 на на дуелот со Борусија Дортмунд во Кина, но на теренот истрача со
19 на грбот.
Но веројатно тоа
ќе биде последен пат да го носи овој број, Леонардо Бонучи вчера се огласи
на социјалните мрежи во 19 часот, 19 минути и 19 секунди со хаштагот
LB19.
Медиумите од
Италија исто така велат дека ова не е единствениот проблем, наводно голем дел
од играчите биле незадоволни од високата плата (8 милиони евра) која ќе ја
добива Леонардо Бонучи, и поради тоа што дефанзивецот веднаш ќе ја добие
капитенската лента.