Бонучи со коментар за случајот со расизам кон Лукаку

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Јувентус, Леонардо Бонучи го даде својот коментар на темата која ја разбрани
фудбалската јавност ширум светот, а тоа се расистичките навреди на сметка на
Ромелу Лукаку, напаѓачот на Интер кој се соочи со доста незгоден момент во
победата над Каљари во Серија А, односно во моментот кога го изведуваше ударот
од белата точка, при што беше успешен.

За време на
пресконференцијата на италијанската фудбалска репрезентација во екот на
интернационалната пауза, Бонучи беше запрашан и за случајот со Лукаку, односно
скандалот кој го предизвикаа дел од навивачите на Каљари.

Тоа е доста
чувствителна ситуација, не е коректно да ги генерализираме работите, но, имаме
институции кои можат да го решат тоа прашање, а да не го вратат на стадионите

посочи Бонучи кој притоа одби да го коментира
отвореното писмо на ултрасите наИнтер кон Лукаку во кое посочија дека тоа е само нормална појава каде навивачите
се обидуваат да го налутат противникот.

Тоа се случува и
на останатите стадиони низ Европа, не треба да правиме притисок, што се однесува
пак до соопштението од ултрасите, не сум го прочитал и не можам да го
коментирам, би ви кажал нешто што не знам
“ заклучи Бонучи во својата изјава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×