Бонучи прифаќа да игра за 2 милиони евра помалку по сезона само да се врати во Јуве!

by
1 минути читање

Минатото лето Бонучи направи сенационален трансфер од Јувентус во Милан, но очигледно дефанзивецот жали за тој негов потег.

Бонучи во моментов заработува 7,5 милиони евра по сезона во Милан, но „Тутоспорт“ пишува дека тој ќе прифати плата од 5,5 милиони евра за да се врати во Јувентус.

Јувентус и Милан постигнаа договор за размена на Леонардо Бонучи со Матија Калдара.

Но се уште е неизвесно дали ваквата размена ќе се случи бидејќи дел од комплетната зделка е и трансферот на Игуаин во Милан. 

Игуаин со своите барања за видот на договорот и плата од 9 милиони евра по сезона во моментов го кочи трансферот.

Ако Игуаин не се договори со Милан, нема да се случи ниту размената на Бонучи со Калдара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×