Бонучи: Потребен ни е најдобриот Роналдо, ќе разговараме со него

by
1 минути читање

Роналдо во 55. минута од мечот со Милан беше изваден од игра, Португалецот не ја прифати најдобро измената, а Сари тврдеше дека тој се мачи и со некаква повреда.

Но Роналдо брзо ги демантираше таквите тврдења на Сари со постигнат хет-трик за репрезентацијата на Португалија.

„Сакам да гледам напред, не назад. Ќе има време за разговор, сега сакам да мислам на националниот тим“, вели Бонучи.

„Тој ќе игра за Португалија, а тоа значи дека физички е подобар и ментално е одличен како и секогаш“.

„Кога ќе се вратиме во Торино ќе се видиме и ќе разговараме. Има уште многу натпревар каде што ни е потребен најдобриот Роналдо“.

„Уверен сум дека и неговите цели се да му помогне на Јувентус да ги оствари зацртаните цели“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×