83
Новиот капитен на Милан, Леонардо Бонучи објаснува зошто се одлучил од Јувентус да премине на Сан Сиро, а не да замине во Премиерлигата.
„Милан имаше најамбициозен проект. Живеам за предизвици и Фасоне и Мирабељи направија да се чувствувам важен дел од проектот, навистина ме сакаа“ – вели Бонучи.
„Во спротивно преговорите немаше да траат само 48 часа. Од друга страна, љубовта или се раѓа веднаш, или никогаш не се раѓа“.
„Не беа во прашање парите, за оние кои сакаат да ме наречат платеник, ќе им кажам дека доколку заминев надвор од Италија ќе заработував повеќе“.