151
На неколку минути
пред крајот на дуелот на Камп Ноу, кога беше јасно дека Барселона нема шанси за
чудо, Леонардо Бонучи реши да си го „капариса“ дресот на Лео Меси.
Дефанзивецот на
Јувентус очигледно свесен дека и други ќе сакаат мал сувенир од најдобриот фудбалер на денешницата, на сред игра му довикна на напаѓачот на Барселона и го
праша дали ќе ги разменат дресовите.
Овој потег не му се допадна на Џорџо Киелини, кој му даде една „воспитна“ на
својот колега од одбраната.
На крајот желбата на Бонучи сепак беше исполнета, Меси го замени дресот со Италијанецот.
Bonucci le pide la camiseta a Messi y la reacción de Chiellini… vía @ESPNFutbolClub pic.twitter.com/P3y3CADxYv
— FutRock (@FutRockPy) April 20, 2017