Се’ оди според планот за Јувентус, како во
Серија А, така и во Лигата на шампионите, во најсилниот италијански фудбалски
шампионат тимот од Торино има максимални шест победи засега, а во елитното
европско клупско натпреварување стартуваше со победа.
Леонардо Бонучи
мина една сезона во дресот на Милан, но, се врати во дресот на Старата дама,
тој вели дека клубот направил чекор напред во однос на квалитетот кој го
поседува, потенцира дека претходно ‘малите екипи’ знаеле да
му направат големи проблеми на Јувентус.
„Тимот е многу
природен отколку претходно, мислам дека ова е разликата која ја гледам од
минатите години, во последните 18 месеци, мислам дека клубот направи чекор
напред, претходно ‘малите
клубови’ знаеа да ни направат
многу проблеми“ рече Бонучи.
„Денес,
благодарение на некои одлични фудбалери, одличен клуб, одличен тренер, Јувентус
направи чекор напред во однос на квалитетот, секој кој го стартува натпреварот,
се чувствува дека тоа го заслужил, тоа е прекрасно, се зголемува
конкуренцијата, сето тоа дозволува секој да се развива во групата, ова е
реалната тајна на тимот“ додаде дефанзивецот.
Запрашан за
можеби најголемиот ривал и оваа сезона за титулата во Серија А, Наполи, Бонучи
го издвои следново.
„Наполи ги загуби
оние тактички аспекти и стил на фудбал кој го негуваше под водство на Маурицио Сари,
но, сега под водство на Анчелоти таа екипа ќе добие на нов менталитет и
искуство“ заклучи тој.