Бонучи: Дојдов во Милан за да го вратиме таму каде што припаѓа, погладен сум за победи од било кога!

by
1 минути читање

Трансферот на Бонучи од Јувентус во Милан е најголемото изненадување во овој трансфер период. Фудбалерот е среќен што ќе го носи црвено-црниот дрес.

„Кога ќе помислите на Милан, природно е да помислите на нивната историја, на сите тие шампиони кои ги носеле познатите тимски бои“ – вели Бонучи.

„Помислувам на Бареси, Костакурта, Малдини, Неста, Тасоти. Ги ценам нив поради она што го дале за фудбалот и за овој клуб. Тие се легенди“.

„Денеска дојдов за да започнам со пишување на нова страна од историјата на „росонерите“ и мојата кариера“.

„Предизвикот започнува сега, новата авантура почнува сега заедно со другарите кои исто како и мене се гладни за победи“.

„Сакам да се заблагодарам на целиот тим, директорот Фасоне, спортскиот директор Мирабељи и г-дин Монтела кој ми дадоа голема поддршка и направија да се чувствувам како да сум во центарот на нивниот амбициозен план“.

„Бев пречекан со љубов и топлина од фановите што направи да сакам да работам уште понапорно, заедно со остатокот од тимот, да направиме овој ентузијазам да продолжи и да се зголемува за време на сезоната додека работме на победнички Милан кој ќе го вратиме на височините во Италија и Европските натпреварувања“.

„Започнуваме сега. Заедно можеме. Погладни од било кога“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани