790
Пристигнувањето
на Матијс де Лихт во Јувентус би можело да го притисне Леонардо Бонучи да си
замине од редовите на италијанскиот првак ова лето, ова го тврди „Мундо
Депортиво“, а истиот медиум додаде и за причината за таквиот можен исход.
Јувентус има дури
пет централни дефанзивци со Де Лихт, покрај Холанѓанецот тука се уште и
Кјелини, Бонучи, Ругани, како и Демирал, па останува отворено прашањето дали ќе
има одредена „чистка“.
„Мундо Депортиво“
тврди дека сево ова би го притиснало Бонучи да си замине од Торино уште ова
лето, а за неговите услуги интерес пријавуваат Манчестер Сити и ПСЖ, обата
клуба се загреани за неговиот потпис од поодамна.