Трансферот на Бонифејс од Баер Леверкузен во Милан нема да се реализира, фудбалерот се врати во Германија.
И покрај тоа што трансферот беше договорен од сите страни, тој нема да се реализира откако играчот не ги поминал медицинските прегледи.
Дoкторите на Милан заклучиле дека состојбата на десното колено, повредено во 2019 и 2020 година, не се наоѓа во посакуваната состојба, а и лани тој пропушти неколку натпревари поради мускулни проблеми.
Миланскиот тим вчера ја почна новата сезона во Серија А и доживеа шокантен пораз од новакот во оваа конкуренција, Кремонезе со 1-2. Јасно е дека на тимот му треба напаѓач и ќе се обиде да го најде до крајот на преодниот рок кој истекува на 1 септември. Во случај да нема друго решение, можно е да се врати на Бонифејс иако во моментов мали се шансите за тоа.