118
Многумина со доза на скептицизам проследија кога Евертон издвои неверојатни 50 милиони евра за да го
ангажира фантастичниот Исланѓанец Гулфи Сигурдсон кој во Евертон пристигна од
редовите на Свонси ова лето.
27 годишниот фудбалер
од средниот ред на „Карамелите“ најави дека следат добри партии за него и во
дресот на неговиот нов тим, а прекрасниот гол против Хајдук синоќа се чини дека
е одлична најава за тоа.
Во 46. минута од
мечот на „Пољуд“, Сигурдсон биеше од преку 50 метри (точно 52.1), упати неодбранлив
удар со брзина на топката од 82 километри на час, а истата патуваше до мрежата
од голот на домаќините само 2.3 секунди.