1,3K
Meдиумите во Италија објавија сензационална вест која говори дека Маркус Рашфорд во јануари би можел да се пресели во Серија А.
Наводно управата на „нероаѕурите“ веќе стапила во контакт со напаѓачот на „црвените ѓаволи“ и го очекуваат нивниот одговор. Аморим не смета сериозно на Рашфорд и поради тоа се очекува тој да ја промени средината во јануари,
Според информациите Интер би го довел на позајмица од шест месеци со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Перманентниот трансфер би можел да биде проблем поради високата плата која ја има англискиот голгетер и за такво нешто веројатно би се разговарало на лето.