„Бомба“ пред детонација во Белград: Црвена Звезда е пред огромен потпис!

by 24 фудбал
1 минути читање

Марко Арнаутовиќ ќе биде новото големо име на Црвена Звезда, иако до неодамна изгледаше дека ќе оди во сосема друг правец. Како што објави српскиот „Курир“, австрискиот репрезентативец во понеделник пристигнува во Белград каде ќе стави потпис на договор со најтрофејниот српски клуб.

Станува збор за трансфер кој без сомнение ќе биде запишан како еден од најголемите во историјата на српскиот фудбал. Арнаутовиќ доаѓа од Интер, клуб со кој пред само неколку месеци играше во финалето од Лигата на шампионите, а во Звезда ќе пристигне физички подготвен бидејќи во последниот период тренирал индивидуално со приватен тренер.

До неодамна изгледаше невозможно фудбалер од рангот на Интер да се пресели на „Маракана“, но тоа сега стана реалност. Звезда добива засилување кое и понатаму е на високо европско ниво и со тоа ја испраќа најсилната можна порака амбициите за новата сезона се огромни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×