Фенербахче е во интензивни преговори со Зинедин Зидан за да го преземе кормилото на тимот по заминувањето на Жозе Мурињо.
Турските медиуми јавуваат дека двете страни веќе постигнале договор и дека француската легенда е на чекор од клупата на турскиот гигант. Под водство на Мурињо Фенербахче не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, па раководството веднаш почна потрага по нов тренер.
Зидан во тренерската кариера со Реал Мадрид ги освои сите можни трофеи, а по долгата пауза изгледа е подготвен да се врати на големата сцена.
Прв избор на Фенербахче бил Лучијано Спалети, кој ја одбил понудата, додека во игра биле и Анџелос Постекоглу и Доменико Тедеско. Иако се очекува Зидан во иднина да ја преземе француската репрезентација по Светското првенство во 2026 година, турските извори уверуваат дека неговиот следен клуб ќе биде токму Фенербахче.