221
Еден од најголемите шпански клубови, Атлетико Мадрид би можел да добие нови сопственици, пренесуваат шпанските медиуми.
Според последните информации сериозен интерес за преземање на мнозинскиот пакет акции за „јорганџиите“ покажал американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менаџмент“.
Станува збор за финансиски гигант кој управува со капитал поголем од 800 милијарди долари и веќе има планови за формирање спортски фонд тежок околу пет милијарди.
Иако деталите од преговорите сè уште се чуваат во тајност, најавите се дека новата управа е подготвена значително да вложи во засилувања, со цел Атлетико повторно да стане сериозен кандидат за трофејот во Ла Лига.