155
Бруно Фернандеш ќе си замине од Спортинг Лисабон ова лето, најмногу е посакуван од Манчестер јунајтед, а португалскиот клуб ја бара неговата замена.
Португалските и италијанските медиуми пишуваат дека Александар Трајковски е во фокусот на Спортинг.
Минатата сезона во Серија Б, Трајковски имаше осум голови и 11 асистенции, што е одличен учинок за 26-годишниот Македонец.
Спортинг на Трајковски ќе му понуди четиригодишен договор, а тој би можел таму да отиде и како слободен играч доколку Палермо биде исфрлен во Серија Д.
