„Бомба“ од Париз, ПСЖ со еден потег потврди – Донарума заминува!

by Стефан
0 минути читање

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ќе го напушти ПСЖ, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо.

Донарума е изоставен од екипата на ПСЖ за Суперкупот со што клубот јасно му ставил до знаење дека може да си бара нова средина.

Не успеа Донарума да се договори за продолжување на соработкаата и сега се очекува да си замине до крајот на овој преоден рок.

Парижаните веќе и ангажираа нов голман и тоа Лукас Чевалиер кој пристигна од Лил. Во изминатиот период Донарума најмногу се поврзуваше со клубови од Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×