Бомба на АС: Салах ја „спукал“ со Клоп и побарал да замине од Ливерпул!

by
1 минути читање

Мо Салах може да биде главната ѕвезда во следниот преоден рок. АС повикувајќи се на свој извори од Англија, попладнево објави дека Египјанецот побарал од лидерите на Ливерпул да биде продаден летоска.

Играчот се решил на еден ваков чекот откако ја „спукал“ со тренерот Јирген Клоп. АС објаснува дека Мо Салах е толку сериозен во својата намера што најавил дека ќе достави „transfer request“ (механизам кој се користи во Премиерлигата со кој фудбалерот официјално го известува клубот дека сака трансфер).

Извештајот вели дека сопствениците на Ливерпул се обиделе да го смират играчот и го убедиле да на посегне по ваков потег. За возврат, тие му ветиле дека ќе го продадат доколку летоска се уште има желба за промена на средината.

Мо Салах блеска во Премиерлигата изминативе две сезони и стана играчот кој најбрзо стигнал до 50 погодока во историјата на Ливерпул.

АС на крајот додава дека Мо Салах во моментов не е помеѓу приоритетите на Зинедин Зидан, но доколку играчот биде ставен на продажба, Реал Мадрид е подготвен да достави понуда.

И останатите гиганти сигурно ќе реагираат доколку напаѓачот реши да ја промени средината, во минатото Египјанецот се поврзуваше со трансфер во Барселона и Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×