„Бомба“: Мурињо може да се врати во Премиер лигата!

by Стефан
1 минути читање

Во англиските медиуми одново се појавија шпекулации за можно враќање на Жозе Мурињо во англискиот фудбал и тоа на клупата на Нотингем форест каде што во овој момент е Нуно Еспирито Санто.

Португалскиот стратег со Нотингем изминатата сезона имаше одлична сезона, но неодамна призна и дека нема најдобар однос со претседателот Евангелос Маринакис, па поради тоа би можел да си замине.

Засега од клубот не најавувааат смена на тренерската позиција, меѓутоа медиумите на Островот се убедени дека неколку резултати под очекувањата може да доведе до смена.

Како најсериозен кандидат во овој момент се споменува Жозе Мурињо, но „Сан“ наведува дека има и други кандидати кои се во игра. Се споменуваат: екс-тренерот на Тотнем, Анге Постекоглу и Брендан Роџерс кој во Англија работеше во Ливерпул и Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×