„Бомба“: Меси може да се пресели на место каде што никој не очекува!

by Стефан
1 минути читање

Турските медиуми денеска пренесуваат вест што би можела да ја потресе фудбалската јавност, Галатасарај наводдно подготвува вистинска сензација и работи на ангажман на Лионел Меси.

Според информациите, клубот од Истанбул планира да го доведе аргентинскиот ас на четиримесечна позајмица. Причината е што сезоната во МЛС завршува на почетокот на декември и продолжува дури во март, а Меси сака да остане во натпреварувачка форма пред Светското првенство што ќе се одржи следното лето.

Неодамна, Абдула Хамад, генерален директор на Академијата „Махд“ и влијателна фигура во саудискиот фудбал – откри дека тимот на Меси веќе се обидел да го испрати во еден од клубовите од Саудиска Арабија со цел Артгентинецот да останее во форма на краткорочна позајмица, но понудата била одбиена од министерот за спорт. Сега, Аргентинецот би можел да добие слична можност во Турција.

Меси, кој неодамна потпиша нов тригодишен договор со Интер Мајами вреден околу 20 милиони долари годишно, би ја добивал целата своја плата од турскиот клуб за време на престојот во Галатасарај. Гигантот од Истанбул веќе покажа финансиска моќ со рекордниот трансфер на Виктор Осимхен од 75 милиони евра и годишна плата од 15 милиони евра.

Доколку се реализира овој трансфер, Меси би се вратил и во Лигата на шампионите, бидејќи последните две кола од групната фаза се играат во јануари и февруари. Тој последен пат настапи во ова натпреварување во 2023 година, во дресот на Пари Сен Жермен, против Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×