158
Атлетската ѕвезда, Усеин Болт во моментов е на проба во австралискиот фудбалски клуб, Централ Коуст Маринерс каде даде два гола во последната победа на тимот. Тоа беа неговите први два погодоци во професионалниот фудбал.
Но по натпреварот од него било побарано да му биде направен допинг тест.
„Па момци јас се пензионирав од патеката за да станам фудбалер, но видете го ова“, изјави Болт преку стори на својот инстаграм профил.
„Како да го сфатам овој допинг тест? Се уште не сум ни професионален фудбалер. Сериозно“.
„Ја прашав дамата „Зошто ме тестираат кога се уште не сум ни потпишал за клубот?“ и таа ми рече дека јас сум елитен спортист па треба да бидам тестиран. Океј“.