Болоња има план како да го задржи Тијаго Мота: Ќе го врземе за столче…

by bojan
1 минути читање
Мота

Генералниот извршен директор на Болоња, Клаудио Фенучи на шега вели дека знае што треба да направи за да го задржи тренерот Тијаго Мота, и порача дека нивната намера е да продолжат со стратегот.

Тијаго Мота има одлична сезона на кормилото на Болоња, за прв пат по 1964/65, популарните „рособлу“ ќе играат во Лигата на шампиони.

Но се чини дека стратегот нема да остане на „Ренато Дал’Ара“, со недели се шпекулира дека тој веќе договорил двегодишна соработка со Јувентус.

Во Болоња сепак не губат надеж и веруваат дека ќе го убедат Тијаго Мота да продолжи.

„Знам како ќе го задржиме, ќе го врземе за столче…“ – вели на шега генералниот извршен директор, Клаудио Фенучи

„Утре, или денот потоа ќе седнеме и ќе разговараме со Тијаго Мота, ќе виидме што ќе ни каже и дали е можно да продолжиме заедно, ние би сакале да продолжиме“.

Дополнително запрашан дали ќе гледаме „црно-бел“ филм (сугестија дека стратегот ќе ги одбере боите на Јувентус), тој додаде: „Се надеваме дека ќе гледаме „црвено-син“ филм.

„Често слушам шпекулации за нашите играчи како се поврзуваат со други клубови, но имаме моќни сопственици кои ни овозможуваат да продолжиме без да ги продаваме најдобрите, и ќе се обидеме да ги задржиме“.

„Единствено Зиркзе сам одлучува бидејќи има неколку клаузули во неговиот догоовр“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани