Болоња со пресврт и гол во 89. до четвртфинале во Купот на Италија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Болоња вечерва се пласираа во четвртфиналето од Купот на Италија откако на домашен терен ја совладаа Парма со 2-1.

Парма поведе во 13. минута кога Ловик испрати одлично додавање кон Адријан Бенедижак, а Полјакот успеа да го совлада Равалја.

Сепак, на пауза се замина со нерешени 1-1, откако Џонатан Роу од втор обид, по одбиена топка од стативата, и донесе израмнување на Болоња во 38. минута.

Пресвртот се случи во самата завршница, поточно во 89. минута, кога резервистот Сантијаго Кастро успеа да му избега на својот чувар и со удар со глава да го совлада голманот по центаршутот на Холм.

Болоња во четвртфиналето ќе игра против подобриот од вечерашниот дуел меѓу Лацио и Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×