Болоња со гол во 99. минута ја победи Џенова! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Болоња стигна до втората сезонска победа и е на половичен ефект, откако во голема драма слави против Џенова со 2-1 во четвртата рунда на Серија А.

Долго време мрежите на „Ренато Далара“ мируваа и немаше погодоци по првиот дел. Резултатот го отвори Елертсон во 63. минута кој донесе водство за Џенова.

Одговорот на домашните дојде преку Сантиаго Кастро десет минути подоцна со погодок по асистенција на Камбиаги за 1-1. Потоа, драмата кулминираше длабоко во судиското продолжение.

Валентин Карбони играше со рака, а потоа следуваше подолга пауза и проверка за да се донесе одлука да се досуди пенал за Болоња. Одговорноста ја презеде првото име во тимот Рикардо Орсолини кој реализира во 99. минута за победа на домашните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×