Болоња му пресуди, Борусија Дортмунд му врачи отказ на Шахин!

by 24 фудбал
1 минути читање

Борусија Дортмунд реши да му врачи отказ на тренерот Нури Шахин по поразот од Болоња (2-1) во Лигата на шампионите.

Овој тим врза четири порази во сите натпреварувања, па управата сметаше дека е време за промени. Преку официјално соопштение беше објавена разделбата со 36-годишниот поранешен фудбалер на „милионерите“.

По четири порази во низа и само една победа во последните девет меча, за жал загубивме доверба дека можеме да ги исполниме целите со оваа констелација. Одлуката ме погодува лично, ама не можевме да прејдеме преку поразот од Болоња“, прокоментира директорот Ларс Рикен.

Шахин пристигна на клупата на Борусија како замена за Един Терзиќ пред половина година. Турчинот кој е роден во Германија стана асистент во клубот, а претходно работеше и во Анталијаспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани