Во англиската Премиер лигата за време на Божиќ и Нова година се игра во полна пареа, па така е и оваа година.
Денес во Англија се игра фудбал на традиционалниот „Боксинг деј“
Играњето фудбал на овој ден започнува од самите почетоци на фудбалот каков што денес го познаваме. Шефилд и Халам одиграа натпревар во 1860 година. Потоа во првата сезона од старата Фудбал Лига (1888/1889) Престон на 26 декември го совлада Дерби со 5:0 и така на тој датум започна да се игра фудбал.
Постојат неколку теории според кои „Боксинг деј“ го добил името, но најинтересна е онаа со господарите и слугите. „Christmas Box“ e англиското име за Божиќен подарок. Богатите Англичани кои во своите домови имале слуги и помошници, на 26 декември ги добиле своите подароци, а поради тоа денот бил наречен „Боксинг деј“.
Втората теорија е дека на Божиќ во црквите се собирале пари, а еден ден подоцна (на Боксинг деј) истите се отварале.
Но, како и да е веќе повеќе од 120 години од тој 26 декември во Обединетото кралство се игра фудбал, Премиер лигата, пониските лиги, аматерските лиги – сите играат.