„Боксинг деј“ – во Англија се подарува фудбал

by
1 минути читање

Едно од најочекуваните кола во англиската Премиерлигата е тоа кое се игра ден после „Божиќ“, не само во најсилната лига, туку Англичаните и во пониските лиги играат фудбал.

Денешното коло започнува со мечот меѓу Тотнем и Брајтон, тимот на Мурињо по поразот од Челси нема друга опција освен победа со цел да остане во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Очите ќе бидат вперени во Арсенал и Евертон кои имаат нови тренери, Артета и Анчелоти ќе го имаат своето деби денеска. Арсенал му гостува на Борнмут, Евертон го пречекува Барнли. Двата натпревари се од 16 часот.

Денот завршува со дерби, Лестер го пречекува Ливерпул, Брендан Роџерс се среќава против својот поранешен клуб кој по 17 одиграни меча се уште не знае за пораз.

Колото се затвора утре со мечот меѓу Волвс и Манчестер Сити, а следниот ден, сабота започнува ново коло во Премиерлигата.

Премиерлига „Боксинг деј“:

13:30 Тотнем – Брајтон

16:00 Астон Вила – Норич

16:00 Борнмут – Арсенал

16:00 Челси – Саутемптон

16:00 Кристал Палас – Вест Хем

16:00 Евертон – Барнли

16:00 Шефилд јунајтед – Ватфорд

18:30 Манчестер јунајтед – Њукасл

21:00 Лестер – Ливерпул

утре

20:45 Волвс – Манчестер Сити

Можно е и ова да ти се допаѓа

×