Бока нема да игра на Копа Либертадорес: Кавани го промаши невозможното за победа во 98. минута! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Бока Јуниорс доживеаја шокантна елиминација во квалификациите за Копа Либертадорес, откако одиграа нерешен двомеч (3-3) против Алианца Лима, а Перуанците подобро изведуваа пенали (4-5) на „Бонбоњера“.

Неверојатен натпревар се одигра во Буенос Аирес, гостите допатуваа со предност од 0-1 на реваншот. Со автоголот на Трауко уште во шестата минута Бока поведе, а бргу потоа Баркос израмни (1-1).

Во вториот дел Бока Јуниорс беше далеку подобра, предноста ја врати Кевин Зенон во 58. минута, а до крајот гостинскиот гол беше на стрелиште. Шанси, пречка и многу возбудувања со кулминација во осмата дополнителна минута. Шанса да го сруши ривалот и тоа каква имаше Единсон Кавани. Уругваецот доби топка пред празна мрежа на 5-6 метри, но наместо да ја смести во голот за победа – ја промаши.

Edinson Cavani brutal miss vs. Alianza Lima 90+7′
byu/TomasRoncero insoccer

Потоа во пенал серијата до победата стигна екипата на Алианца Перу која во финалето на квалификациите ќе игра со Депортес Иквикве од Чиле.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×