Бока ќе игра во Мадрид но не се откажува од службена победа

by
0 минути читање

Утре на Сантијаго Бернабеу се игра реванш финалето од Копа Либертадорес, во еден период и двете екипи одбиваа да играат, но тоа сепак ќе се одржи.

Првиот меч заврши 2-2, а пред почетокот на реваншот фановите на Ривер го нападнаа автобусот на Бока и повредија неколку фудбалери на гостите. Токму затоа мечот се игра во Мадрид.

Но, Бока веднаш посака службена победа, нивната жалба беше одбиена од Јужноамериканската фудбалска федерација, по што тие сега поднесоа жалба и до Судот за спортска арбитража барајќи го трофејот без борба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани