Челниците на
Ривер, Бока и КОНМЕБОЛ денеска имаа средба за да се договорат кога и каде ќе се
одигра реваншот од финалето во Копа Либертадорес кој беше одложен откако
навивачите на Ривер со камења и солзавец го нападнаа автобусот на Бока.
Бока на состанокот
уште еднаш го повтори својот став дека сака службена победа и нема намера да
игра, но КОНМЕБОЛ има други планови и соопшти дека се подготвува за меч кој ќе
треба да се одигра на 8. или 9. декември. Во најбрз можен рок ќе се дефинира точниот датум и саатницата, и во моментов се знае само дека дуелот ќе се игра надвор од
Аргентина. Се уште не е јасно каде и дали со публика или зад затворени
врати.
Првиот човек на
КОНМЕБОЛ исто така посочи дека ќе треба да се почека и одлуката на
дисциплинската комисија. Тешко за верување е дека таа ќе прогласи службена
победа за Бока со оглед на тоа дека се прават планови за реваншот но се може да
се случи.
Како и да е, се очекува жестока казна за Ривер и нивниот стадион „Монументал“.