Бојан Миовски постигна деби-гол за Ренџерс! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го даде својот премиерен гол во дресот на Глазгов Ренџерс.

Штипјанецот погоди за „полицајците“ во Лига куп натпреварот против Хибернијан. Миовски го постигна вториот гол на средбата во 47. минута од првото полувреме за 2-0.

Миовски ова лето се врати во шкотскиот фудбал по една не многу успешна авантура во шпанска Жирона. Претходно со многу успех настапуваше за Абердин, па во Ренџерс очекуваат доста од Македонецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×