Бојан Миовски на натпреварот меѓу Македонија и Велс во мундијалските квалификации ќе игра со посебни копачки.
Станува збор за посебен дизајн со македонското знаме и симболи посветени на жртвите во страшниот пожар во Кочани во кој животот го загубија 59 лица. Миовски објави фотографии од копачките и порака за трагедијата:
„Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот. Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство.. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“.



