200
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со одличните настапи во Шкотска и повторно се запиша меѓу стрелците во убедлив триумф на Ренџерс.
Тимот од Глазгов го декласираше Квинс Парк со 8-0 во Купот на Шкотска, а Миовски беше автор на седмиот погодок на натпреварот. Напаѓачот одлично се снајде на пеналтикот и со прецизен удар со глава ја испрати топката зад грбот на противничкиот голман на Ајброкс.
За македонскиот голгетер ова беше деветти гол во сезоната. Четири од нив ги има во куп натпреварувањето, четири во шампионатот и еден на европска сцена.