Бојан Илиевски потпиша за Работнички

by
1 минути читање

21 годишниот
дефанзивец Бојан Илиевски е првото летно засилување за Работнички кој доаѓа од
редовите на Пелистер, а игра на позицијата десен бек.

Чест ми е што добивам шанса да ги бранам боите на
Работнички. Се работи за еден од најренонираните македонски клубови кој отвора
голема перспектива за младите фудбалери. Се надевам дека ќе ја оправдам
довербата на раководството со добри игри во наредниот период
“ изјави Илиевски за официјалниот клупски сајт.

Изминатата сезона
младиот Битолчанец на 31 натпревар во Првата лига успеа да постигне еден гол,
но и да запише четири асистенции.

Задоволство во
таборот на „Романтичарите“ по засилувањето со Илиевски искажа и спортскиот
директор Горан Станковски.

Бојан Илиевски е квалитетен млад фудбалер кој се докажа со
своите игри во дресот на Пелистер. Верувам дека ќе биде вистинско засилување за
Работнички и дека ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе го подигне квалитетот во
одбраната на нашиот тим
“ изјави Станковски.

 

Фото-вест: fkrabotnicki.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×