Бохум го режираше еден од најголемите кам-бекови во Германија за опстанок во Бундеслига!

by bojan
1 минути читање
Бохум

Бохум се избори за опстанок во Бундеслигата откако вечерва славеше со 0-3 на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф, и потоа беше подобар при изведување на пенали.

Бараж натпреварот за опстанок/влез во Бундеслигата донесе неверојатна драма.

Пред неколку дена, Фортуна Дизелдорф со 0-3 славеше на гостувањето кај Бохум и тогаш речиси сите ги видоа „црвените“ како нов член на елитата.

Сепак, вечерва Бохум режираше еден од најголемите кам-бекови во Германија, победи со 0-3 и го однесе двомечот во продолженија и пенали.

Хофман во 18. минута им ја врати надежта на гостите, а истиот играч во 66. минута со глава погоди за 0-2 и огромен исчекор кон посакуваниот резултат. Веќе во 70. минута дојде тој момент, Штогер од пенал биеше за 0-3 и се од почеток.

Откако во додатниот половина час мрежите мируваа, пеналите го решија победникот, а трагичар беше Учино, кој промаши во седмата серија и со солзи во очите падна на тревата, а фудбалерите на Бохум го почнаа славјето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани