Јувентус со минимална победа од 1-0 против Удинезе ги освои бодовите во 29. коло од Серија А и ја потврди фаворитската на гостински терен.
Тимот од Торино беше подобар противник во текот на целиот натпревар и создаде голем број шанси, упатувајќи повеќе од 20 удари кон голот на противникот, но реализацијата изостана.
Клучниот момент се случи непосредно пред паузата, кога Жереми Бога ја искористи асистенцијата од Кенан Јилдиз и го постигна победничкиот погодок, негов трет откако пристигна во Јувентус во јануари.
Во второто полувреме домаќините постигнаа уште еден гол преку Консеисао, повторно по додавање од Јилдиз, но по реакција на ВАР погодокот беше поништен поради офсајд.
Со оваа победа Јувентус стигна до 53 бода и се зацврсти на четвртата позиција на табелата, пред Комо и Рома кои својата пресметка од ова коло ќе ја одиграат утре.
— Football ⚽️ All Goals in the World (@AllGoalsWorld) March 14, 2026