Црвена звезда синоќа освои бод против Наполи, и само поради тоа ќе добие 900.000 евра од УЕФА колку што изнесува наградата за освоен бод во групната фаза од Лигата на шампионите.
Со самиот пласман во групната фаза Црвена звезда доби 15,25 милиони евра. За секој евентуален триумф ќе инкасираат 2,7 милиони евра.
Тешко е да се верува дека Црвена звезда може да дојде до победа во група со Наполи, Ливерпул и ПСЖ, но и секој освоен бод ја полни касата.
Следен меч на Црена звезда е на 3. октомври кога му гостуваат на ПСЖ.
Заработката на Црвена звезда не е само од УЕФА, нивното салдо ќе се зголеми и од продадените билети кои пламнаа за неколку часа како и од маркетинг активностите поврзани со учеството во Лигата на шампионите.