Норвешкиот тим, Бодо/Глимт покажа дека триумфот во првиот меч не беше поради вештачката трева, туку тие знаат да играат фудбал, денеска со 2-1 го победија Интер на негов терен и со вкупни 5-2 одат во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Интер веруваше дека може да ја анулира негативата од првиот меч, но не само што не го направи тоа, туку уште еднаш загуби.
Резултатот го отвори Хауге кој постигна гол во 58. минута за водство на Бодо од 1-0, а Евјен во 72. минута зголеми на 2-0.
Четири минути подоцна Бастони даде гол и ја врати надежта на Интер за чудо на мечот, но тоа беше се што направија нероазурите на овој натпревар.
За нив заврши Лигата на шампионите, ќе се фокусираат само на Серија А каде се убедливи лидери.
Њукасл со предност од 6-1 остварена по првиот меч го почна денешниот натпревар со Карабах. Англичаните извојуваа уште една победа, овојпат од 3-2.
Како почна мечот, се чинеше дека ќе се случи нов дебакл за Карабах. По само шест минути игра Њукасл веќе имаше водство од 2-0 со голови на Тонали и Жоелинтон.
Но, домаќините продолжија порелаксирано. Дуарн во 51. минута намали на 2-1, а Ботман во следниот напад ја врати предноста од два гола, погоди за 3-1.
Конечните 3-2 ги постави Кафаркулиев во 57. минута.
Немаше голови на мечот меѓу Баер Леверкузен и Олимпијакос. Германците првиот меч го добија со 2-0, па одат во осминафинале.
Во првиот денешен дуел Атлетико Мадрид со 4-1 го совлада Клуб Бриж и со вкупни 7-4 продолжи понатаму.