Звонимир Бобан
признава дека е премногу разочаран од поразот на Милан во дерби пресметката со
Интер изминатиов викенд, а посочи дека составот на „Росонерите“ не покажал
прогрес во играта, ниту има најави за такво нешто.
Хрватот пред
дербито со градскиот ривал често низ медиумите најавуваше за одличната
атмосфера во Милан, меѓутоа сега бара брз прогрес на тимот кој новата сезона по
четири кола во Серија А ја стартуваше со две победи и исто толку и порази.
„Ние сме многу
разочарани од исходот во дербито, бевме победени…“ изјави Бобан.
„Се надеваме дека
ќе биде подобро, имаме самодоверба за тоа, ќе направиме се’ што е можно бидејќи тимот мора да игра
како што сите навивачи тоа го очекуваат, исто и според очекувањата од тренерот“
додава Хрватот кој бара брз прогрес на тимот.
„Ние работиме,
има прогрес, но подобро е истиот прогрес да се случи побрзо од што е можно“
заклучи Бобан.