247
Хрватскиот гигант Динамо Загреб летово се раздел со неколку свои првотимци, а помеѓу нив беа и македонските фудбалери, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Сега во интервју за хрватските медиуми, директорот на Динамо, Звонимир Бобан откри што му кажал на Адеми.
„Знаев дека многу фудбалери не се калибар за Динамо, меѓутоа клубот остана и без важни фудбалери. На Адеми му кажавме дека што ѝ да избере, ние ќе прифатиме. Со Бруно беше поразлично, се надевав дека ќе нè води во новата сезона како капитен, но не прифати договор“, изјави Бобан.
Фото: GNK Dinamo Zagreb/FB