Бобан објасни зошто Модриќ не потпиша за Милан

by
1 минути читање

Директорот на
Милан, Звонимир Бобан изјави дека неговиот сонародник Лука Модриќ, чиј идол е
токму тој, не сакал да си замине од Реал Мадрид по разочарувачката сезона на
шпанскиот гигант, меѓутоа јасно е дека постоела таква амбициозна идеја во
италијанскиот прволигаш.

Од Милан ќе
мораат на крајот да се задоволат со Анте Ребиќ, кој потпиша во последниот ден
од летниот преоден рок, а во Ајнтрахт Франкфурт, како дел од договорот со тој
клуб, во обратен правец замина Андре Силва.

Лука е одличен
фудбалер за Милан, меѓутоа тешко е да го ангажирате, не можеше да си замине од
Мадрид по лошата сезона
“ тврди Бобан кој додава дека „Росонерите“ имаат добар
состав.

Ние не ги
пронајдовме финансиските услови кои посакувавме да ги имаме, постигнавме
договор со други фудбалери на таа позиција, ќе видиме, според мене, имаме добар
состав
“ заклучи Хрватот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×