Бобан: Милан е екипа без идентитет, идеја и знаење!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Милан загубија на гостувањето кај Феенорд (1-0) во рамките на првата средба од плеј-офот во Лигата на шампионите.

Одново на „росонерите“ им недостигаше цврстина, решителност и желба. Коментар за одиграното даде хрватската легенда Звонимир Бобан.

Не можеме да го разбереме Милан, тоа е екипа без идентитет, идеја и знаење како да одигра против добро организиран противник во тежок натпревар. Милан мора да ја контролира играта, особено ако игра напаѓачки. Среќа за Милан е што на полувремето беше само 1:0. Мислам дека во оваа сезона не одиграа повеќе од два натпревари по ред со иста постава. Консеисао мора да одбере тим кој повремено ќе го прилагодува на противникот“, прокоментира Бобан.

Хрватскиот оперативец е во „војна“ со сегашната управа на Милан, особено откако доби отказ пред неколку години. Тој на суд го доби спорот против клубот во кој порано играше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани