Бобан: Интер ќе ѝ дадеше најмалку три гола на оваа Барса!

by riste
1 минути читање

Хрватската фудбалска легенда, Ѕвонимир Бобан смета дека Интер убедливо ќе ја победел Барселона доколку бил на местото од Дортмунд во вторникот.

Барселона ја декласираше Борусија Дортмунд победувајќи ја со 4-0, а можеше да ѝ даде и повеќе голови.

Но, легендата на Милан, Звонимир Бобан има едно мислење кое е поинакво од сите други.

„Да играше Интер на Монжуик на местото од Дортмунд, ќе дадеше најмалку три гола“, рече Бобан за „Скај Спорт Италија“ и објасни зошто.

„Тоа јасно го гледам од начинот на кој Интер игра и го користи просторот“.

Интер е познат по тоа што одлично се брани, но и фантастично се трансформира, го користи противничкиот простор и ги казнува грешките.

Големи се шансите во полуфиналето да се сретнат токму Барселона и Интер, па тогаш ќе се види дали мислењето на Бобан е реално.

Барса веќе може да се смета за учесник во полуфиналето, а Интер со 2-1 го совлада Баерн во Минхен, па и тие имаат направено крупен чекор кон четирите најдобри.

„Ако двете екипи продолжат понатаму и Барселона пак игра така офанзивно, Интер може да ѝ нанесе многу штета. Ако остават толку простор, Интер во тој сегмент може да биде многу моќен. Сепак сметам дека ако има таков дуел, Барселона ќе биде многу внимателна и ќе се брани поинаку отколку како против Борусија Дортмунд“, заклучи Бобан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани