682
Хрватот неодамна доби отказ од Милан откако во интервју за „Газета дело Спорт“ го нападна извршниот директор во клубот, Иван Газидис. Тој го обвини Газидис дека „им работи зад грб“ на него и Малдини со тоа што без нивно знаење контактирал со Ралф Рангник кој требало да го превземе тренеското место од следната сезона.
Бобан не може да ја прифати причината поради која е отпуштен од Милан и „Тутоспорт“ пишува дека Хрватот е решен да ја обжали одлуката.
Весникот очекува битката меѓу Милан и Бобан да заврши на суд.
Тој смета дека начинот на преговори на Газидис со Рангник е поголем клупски прекршок отколку неговото интервју дадено во „Газета дело Спорт’.