Бобан и Малдини импресионирани од Елмас, Милан со 30 милиони евра ќе тргне по Македонецот?!

by
1 минути читање

„Дијамантот“ изминатово лето се пресели на Сан Паоло во трансфер вреден 16 милиони евра, плус бонус од 1,5 милиони евра, а Фенербахче ќе добие и 1,5 милиони евра од следната зделка.

Елиф Елмас за кратко време ги воодушеви Италијаните со партиите кои ги прикажува, особено со зрелоста во играта и покрај тоа што се работи за фудбалер кој во септември наполни 20 години.

Од Турција сега пристигнува бомбастична вест, неколку весници пренесоа дека Елиф Елмас ги импресионирал Звонимир Бобан и Паоло Малдини, па Милан со 30 милиони евра ќе тргне по потписот на Македонецот.

„Росонерите“ изминатово лето донесоа неколку засилувања за средината на теренот, на Сан Сиро пристигнаа Раде Круниќ и Исмаел Бенасер, но двајцата тешко фаќаат место во првиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×