На фудбалерот од Гана не му се допѓа насоката во која се движи фудбалот и како се однесуваат поголемиот дел од фудбалерите.
„Сите овие пари се проколнати. Фудбалот сега е само бизнис и ние сме само бројки“, вели Боатенг за „Билд“.
„Доколку вашето лице не се вклопува, ќе бидете заменети. Веќе нема лојалност и тоа е тажно“.
„Треба да направите анкета колку фудбалери се среќни да одат на тренинг и колку од нив се забавуваат“.
„Јасно е дека фудбалот е работа за професионалци, но толку добро се платени што тоа станува извор на стрес“.
„Притисокот е огромен и лесно е да зборуваме за работи како депресија“.
„Има моменти кога ми е забавно и моменти кога не ми е. Претходно секогаш ми било“.
„Ме нервира кога гледам како некои момци не го покажуваат нивниот талент. Знам како е да го фрлите талентот“.
„Некое 19 годишно момче вози мерцедес, ја добива својата плата и е среќно. Тие го имаат сиот тој талент и не прават ништо, не прават дополнителни тренинзи, ништо“.
„Играат само на својот плејстејшн и постираат на инстаграм. Последни доаѓаат на тренинзите и први заминуваат“.