Минатиот месец се појавија гласини дека Боатенг го одбил Манчестер јунајтед бидејќи не го смета за сериозен кандидат за освојување на Лигата на шампионите. Сега фудбалерот за прв пат проговори јавно за интересот на Мурињо.
„Имав понуди од ПСЖ и Манчестер јунајтед и ги разгледував“, открива Боатенг за „Билд“.
„Не затоа што сакав да го напуштам Баерн Минхен по секоја цена, туку за да побарам нов предизвик. Се чувствував комплетно исполнето во Баерн, еден од најголемите клубови во светот“.
„Му се јавив на Жозе Мурињо и му реков дека сум почестен од интересот за мене и му се заблагодарив што се обидува толку напорно да ме донесе во Јунајтед. Му ги објаснив причините зошто не ја прифатив понудата“.
„Тешко е да го напуштиш Баерн. Треба да се поклопат сите коцки за да се случи тоа. Нико Ковач ми даде чувство дека сум многу важен дел за него и за клубот“.